Реклама
Модни совети

Како да изгледате шик кога одите на работа

Реклама

Стилот може да претрпи одредени промени кога станува збор за комбинациите што ги носиме на работа.

За разлика од востановените сфаќања за строгиот деловен изглед кои доминираа со генерации наназад, денес стилистите и познавачите на модата дозволуваат внесување на одредени промени кои ќе ја разбијат монотонијата на комбинациите што се носат во канцеларија, на пример вметнување на одредени тренди парчиња или игра со бои кои досега не биле карактеристични за деловната облека. Сепак, и покрај отстапките, главните правила на кодексот за облекување во канцеларија и понатаму да важат.

Маркетинг

#Прв ден на работа

Маркетинг

На денот кога треба да го склучите долго очекуваниот договор за работа најдобро е да не експериментирате и да не пробувате ништо ново. Изберете проверени парчиња, кои сигурно функционираат и во кои ќе се чувствувате удобно и сигурно. Овде мислиме на парчиња кои не се пренагласени и кои совршено ви одговараат, и за кои ќе добиете барем еден комплимент.

Bershka 1.290,00 MKD

Mango 1,990 MKD

MANGO 2,490 MKD

Mango 1,990 MKD

На пример, можете да се обидете со памучна блуза, здолниште и еден пар квалитетни удобни чевли. Бидејќи не сакате да ве болат нозете на ваков важен ден, така?

#Кога имате важен деловен состанок

Без разлика дали прв пат се среќавате со некои нови клиенти и се надевате на успешна деловна соработка, или пак станува збор за долго годишни партнери, имајте на ум дека треба да ја претставувате вашата фирма на вистинскиот начин за да ве сфатат сериозно.

За ваквите пригоди можете да облечете панталони со совршен крој, па дури и комбинезон во комбинација со блејзер, но сите парчиња облека треба да бидат во една боја, без принтови!

Mango 2,990 MKD

Bershka 1.290,00 MKD

ZARA 2,990.00 MKD

ZARA 2,990.00 MKD

Доколку носите широки панталони, тие ќе ви ги сокријат нозете, па можете да ги носите и вашите нови удобни сандали со полна пета.

#Кога одите на пијачка и вечера со менаџерите

Првата покана на вечера со вашиот претпоставен може да биде клучниот момент за вашата понатамошна кариера, па затоа потрудете се да изгледате убаво. Најверојатно нема да имате време да претрчате до дома за да се пресоблечете, па затоа најдобро ќе биде да носите нешто што лесно ќе го промените и надградите со неколку едноставни финти.

Mango 1,990 MKD

Изберете фустан кој лесно може да се трансформира од дневна во вечерна варијанта, и додадете неколку парчиња со кои ќе ја разубавите вашата вечерна комбинација како соодветно палто, чанта, марама, обетки и сл.

ZARA 1,290.00 MKD

Mango 5,790 MKD

Еве, за почеток, ви предлагаме да ги замените чевлите кои што ги носевте на работа со посветол тренди модел кој ќе одговара со фустанот што го носите.

#Обичен петок

Време е за вашите омилени парчиња кои најмногу ги сакате и најмногу си ги носите. Дозволени се и металик парчиња, а можете слободно и да си поиграте со боите. Па, ова е ден пред викенд и затоа слободно можете да ги избегнете секојдневните деловни комбинации, и да облечете нешто во кое ќе се чувствувате удобно убаво.

ZARA 2,990.00 MKD

Еве нека биде тоа на пример некое здолниште со висок струк, металик блуза и патики наместо класични високи потпетици.

#Кога одите на пат

Без разлика дали ќе се возите со автобус, воз или автомобил, потребна ви е облека во која ќе ви биде удобно преку целиот ден. Па доколку патувате често, тогаш сигурно веќе сте дошле до заклучокот дека не би сакале да седите во авион или автобус облечени во фустан или здолниште. Затоа, одете на безбедна варијанта. Оваа сезона можете на пример да пробате еден пар кулети. Тоа се оние широки кратки панталончиња кои се апсолутен хит оваа сезона и крајно време е да ги пробате и вие. Тие изгледаат секси во комбинација со високи потпетици, но одлично одговараат и со платформи.

ZARA 3,990.00 MKD

Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја вашата комбинација.

Фустани за свадби и свечености за ова лето »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button