Мал трик за големи девојки: Како да изгледате свежо и елегантно без трошка шминка?
Доколку сакате вистински одмор ова лето, во кој максимално ќе си ги наполните батериите, како духовно така и телесно, тогаш ве советуваме да не заборавите да го одморите и вашето лице од шминкање.
Кога мислиме на лице без шминка, и притоа мислиме да се скокне маскарата и без пополнување на веѓите, некои веднаш ќе помислат дека тоа би можело да изгледа ужасно и веднаш во самиот старт би се откажале од овој предлог. Нe, не – ние воопшто не зборуваме за таков look. Станува збор за квалитетна подготовка на лицето и чистење од нечистотиите, потоа за нега на кожата која лесно ќе ги отстрани подочниците, виткање на трепките кои ќе го отворат нашиот поглед, ревитализација и поттикнување на циркулација на кожата на лицето и усните, и на кратко, детали кои на нашиот потполно природен изглед ќе додадат негуван и женствен look без трошка шминка. Погледнете што има на оваа тема да ни каже преубавата „јутуберка“ Сона Гаспарин.
{youtube}DPk-Ff4EC5w{/youtube}