Природниот изглед е толку актуелен во моментов, па затоа поработете на овој тренд
Помалку е често подобро кога станува збор за шминката, па затоа избегнете грешки и прифатете го природниот изглед со нашите стручни совети за шминкање.
Не ставајте предебел слој
„Една од најголемите грешки што ја прават жените е претерување или стврднување на шминката“, вели интернационалната шминкерка-уметник Сара Џегер. И покрај тоа што шминката може да изгледа како брз лек ако страдате од пегава кожата, таа често го истакнува проблемот, наместо да помогне. Наместо тоа, одлучете се за светла, кремаста основа која ќе ја хидратира кожата и суптилно ќе ја обои, како што е BD Trade Secrets Vital Skin Longwear Foundation, £9.99, Tesco.
Убави веѓи
„Иако дефинираните веѓи се ласкави, преголемото зацрнување може да биде застарено“, вели Сара. „Изберете боја која е само една или две нијанси потемна од вашата природна коса, потоа направете ги да изгледаат поцелосни со помош на мала закривена четка и малку пудра. Пополнете ги со нагорни движења, фокусирајќи се главно врз надворешните рабови. Ни ја обожаваме Natural Collection Solo Eyeshadow, £1.99, Boots- која делува брилијантно и на веѓите и на трепките.
Нема потреба од руменило
„Руменилото е да дополнува, а не да надвладува“, вели Сара. Иако е примамливо да се зграби со голема четка и да се наталожи врз образите, обидете се наместо големата да ја користите четката E.L.F Cosmetics Fan Brush, £3.95. Убавите остри влакна во форма на ладало ви помагаат да ја нанесете вистинската количина, истовреме одржувајќи ја бојата на образите, а не на останатиот дел од лицето.