Набавете квалитетна долна облека!
Вистинскиот избор на долна облека може значително да ви помогне да изгледате послабо. Ако сакате да создадете илузија на помало тело, изберете модели кои помагаат да се вовлече стомакот и ги потпираат градите. При купувањето на долна облека внимавајте да го изберете вистинскиот број бидејќи големите градници и гаќи можат да направат голем број „фалти“ низ вашата облека, така што ќе изгледате поголеми одошто навистина сте. Не жалете пари за соодветна и квалитетна долна облека бидејќи таа може веднаш да ви помогне вашето тело да изгледа стегнато, мазно и обликувано.
Прснете спреј за потемнување!
Спрејот за потемнување на кожата е совршено средство за брзо добивање на одличен исончан тен, но и одличен трик за да изгледате послаби. Само за неколку минути вашето тело ќе изгледа неколку килограми послабо и ќе изгледа прекрасно затегнато и цврсто. Исончаниот тен го скрива целулитот, го дефинира и обликува пределот околу стомакот, вратот и колковите.
Премини на следната страна >>