Донесовте цврста одлука дека од утре (или евентуално од понеделник) сте на диета, направивте детален план за исхрана и вежбање, можеби се запишавте на аеробик или пилатес, и набавивте големи количини на овошје и зеленчук и нискокалорична храна.
Но, патот на диетата воопшто не е лесен и луѓето често се откажуваат порано или подоцна. Ви нудиме неколку мали совети кои ќе ви помогнат да изгледате послабо и да ја одржите вашата мотивација на високо ниво за храбро да продолжите кон целта и кога ќе ви дојде преку глава од вежби во комбинација со марула.
Внимавајте како се облекувате!
Многу е важно мудро да ја избирате својата гардероба водејќи сметка она што ќе го купите и носите да одговара на формата на вашето тело бидејќи соодветниот избор на гардероба може да направи да изгледате значително послабо. Вистинската боја, моделот и ткаенината од која е изработена облеката можат да направат голема разлика во вашиот изглед. Користете темни нијанси како црна, чоколадно кафеава, индиго, темно виолетова и т.н. да ги прикриете проблематичните делови. Исто така е многу важно да носите облека која совршено ви одговара по величина бидејќи поголемите броеви можат да направат и вие да изгледате поголеми додека тесната облека ќе ги истакне деловите кои би сакале да ги сокриете.
Премини на следната страна >>