Парижанките важат за жени кои поседуваат специфична убавина и префинетост, а нивниот стил важи за еден од омилените ширум светот.
Па, доколку Париз и за вас преставува асоцијација за стил и мода и доколку сакате да изгледате како парижанка и да бидете ИТ девојка со париски стил, еве неколку корисни совети со кои тоа многу полесно би го постигнале.
Помалку е повеќе!
Ова е основното правило кое секогаш треба да го имате во предвид. Парижанките најдобро изгледаат во едноставни и одмерени комбинации и во главно се служат со минимализмот, без премногу детали и украси.
Омилена боја – црна!
Можеби делува монотоно, но парижанките ја обожаваат црната боја. Покрај црната тие ја сакаат и белата и сивата, но и тука е важен минимализмот.
Премини на следната страна >>