Како да го добиете славниот изглед на Брижит Бардо од 60-тите во три едноставни чекори
Кога станува збор за косата и убавината, шеесетите се вратија – затоа повикајте ја вашата внатрешна Брижит Бардо и подобрете го вашиот изглед со овие едноставни чекори.
Црно моливче за очи, чешлање на косата наназад и бледи усни е сè што треба да го модернизирате овој ретро тренд. Подготвени?
Црно моливче за очи
Заклучив дека гелот за дефинирање на очите, како што е Rimmel London Scandaleyes (£ 4,50, asos.com) е најлесниот производ за работење, но течност или моливче ќе го имаат истиот ефект. Нанесете до линијата на трепките, а потоа повторно само над линија на трепките, секогаш следејќи го природниот облик на окото. За тој фамозен замав, проширете ја оваа црна линија нанадвор, кон крајот на веѓата.
Безбојни усни
Потоа мора да ставите безбоен кармин. Бледите усни се голема работа оваа сезона, па почесте се со боја која изгледа одлично дури и ако не креирате ретро изглед. L’Oreal Made for Me Naturals имаат голем избор на безбојни, розови кармини или кармини со боја на праска (£ 8,19, boots.com). Ако имате сува кожа од било кој тип, отстранете ги мртвите клетки со помош на четка за заби и нанесете хидратантна крема како вазелин најпрво.
Коса исчешлана наназад
Овој стил е добар и доколку косата не ви е измиена – шприцнете шампон за суво миење. Обидете се со прекрасниот миризлив избор на CoLab (од £ 1,32, superdrug.com), па ќе има доволно текстура за стилизирање. Подигнете ја косата на двете страни од патецот и исчешлајте ја наназад со четка која има остри влакна пред да ги користите прстите за да ја поделите косата на половина над ушите и да ставите шноли. Повлечете ги предните делови да паѓаат слободно пред лицето.
И, ете! Сега имате пријатен изглед за целата претстојна сезона!
Извор: Mirror