Реклама
Модни совети

Како да го позајмиме стилот на овие девојки и да изгледаме како бохо кралица

Реклама

Доколку сакате да изгледате кул ова лето, тогаш обидете се да се вратите назад во времето и побарајте ја вашата инспирација во лудите 60-ти и 70-ти.

Маркетинг

 

Лиса Сноудаун носи широки панталони во светло пурпурна боја и еве едно интересно парче  F&F’s coral cami, £10, со кое можете да ја направите оваа комбинација. (Кликни тука и види ги најубавите панталони кои можат да се најдат и во продавниците кои што ги има во Македонија. )

Ова лето меѓу најголемите трендови се „бохо“ и хипи парчињата, а овој стил најлесно можете да го постигнете со лежерни широки панталони, фустани и комбинезони кои се украсени со кашмирски дезени и модерни кроеви. Еве неколку девојки кои можат да ни послужат како инспирација, како и парчиња кои ни се достапни и со кои можеме да изгледаме како „бохо“ кралица.

Маркетинг

 

Карли Клос во фармерки со кратки ногавици кои можете да ги носите со маица и високи потпетици за навечер или рамни сандали за преку ден. Покрај овие фармерки оваа сезона во мода се и моделите со висок струк кои исто така можете да ги носите во опуштени дневни комбинации, а ако сакате да ги видите најубавите модели кликнете тука.

 

Емили Блунт изгледа хипи во нејзиниот дезениран комбинезон, додека на фотографијата десно ви е преставен еден модел (F&F’s Paisley Print Wide Leg Jumpsuit for £18) со кој можете да ја направите оваа комбинација. Доколку сакате да ги видите најубавите комбинезони за оваа сезона од најпознатите брендови за улична мода, кликнете тука.

 

Миранда Кер изгледа преубаво во долг фустан во сино бела боја. Доколку сакате да ги видите најубавите долги фустани кои се must-have парче за оваа летна сезона, кликнете тука.

 

Деми Левато во секси дезенирано комплетче. Побарајте слично здолниште тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button