Рацете се првиот показател на предвременото стареење, но и на некои сериозни здравствени проблеми како болести на срцето и белите дробови, дијабетис, артритис, генетски пореметувања и ендокрини абнормалности.
Чувајте ги рацете
Рацете се првиот показател на предвременото стареење, но и на некои сериозни здравствени проблеми како болести на срцето и белите дробови, дијабетис, артритис, генетски пореметувања и ендокрини абнормалности. Во денешно време постојат различни ласерски третмани кои успешно ги отстрануваат флеките од рацете. Се препорачува медицински пилинг за нега на рацете. Овој процес вклучува отстранување на многу тенки, површински делови од кожата. Секако, немојте да ја заборавите секојдневната нега на рацете со соодветни креми и пилинзи и природната козметика.
Чувајте се од дамки, флеки и пигментација
Доколку мислите дека брчките се најдобриот показател на годините се лажете. Темните флеки и загубата на природната боја на кожата можат да придонесат вашето лице да изгледа прилично постаро. Во едно истражување 430 мажи и жени требало да ја погодат возраста на лица прикажани на 170 фотографии, на кои претходно компјутерски им биле отстранети брчките. Резултатите биле запрепастувачки – испитаниците сметале дека моделите се постари десет и повеќе години одошто стварно се само врз основа на нееднаквата боја на нивниот тен. Младата и здрава кожа не е само цврста и мека, туку и со воедначена боја и без дамки, што влијае на привлечен убав изглед.
Спијте доволно
Сами можете да забележите дека ако останете надвор до доцна (или рано сабајле), спиете малку и се погледнете во огледалото – ќе изгледате постари. Ефектите од недоволното спиење се отеченост, темни кругови и вреќички под очите, и не баш привлечен одраз во огледалото. Ако не спиете доволно кожата нема доволно време да ги обнови штетите предизвикани во текот на денот. Спиењето овозможува телото да ги обнови клетките, да се чувствуваме свежо и енергично наредниот ден и максимално да го искористиме.
Погрижете се собата за спиење да биде затемнета (или ставете маска на очите), да има соодветна температура и исфрлете го телевизорот и компјутерот од неа. Да не повторуваме дека алкохолот, цигарите и кофеинот влијаат на квалитетот на сонот. Исто така, погрижете се да не се прејадувате пред да одите на спиење или пак да отидете премногу гладни па да не можете да заспиете. Слатките сништа се основа за зачувување на вашата младост и убавина.