Прочитајте како да го изберете руменилото што најмногу одговара на вашиот тен и кои нијанси ќе бидат must-have оваа пролет.
Многу жени и девојки не користат руменило бидејќи не се сигурни како треба да го нанесуваат според обликот на своето лице, како и да го усогласат со останатата шминка и нијансата на кожата. Но, кога ќе почнете да го користите и ќе ги почувствувате благодатите на овој производ, ќе бидете пресреќни што ќе можете да ги истакнете најубавите точки на лицето и да изгледате свежо и убаво во секое време. Притоа, покрај правилното нанесување на руменилото кое на вашето лице му дава свеж и здрав изглед, најважен момент е да ја изберете вистинската нијанса која најмногу одговара на вашиот тен.
Па така, ако имате светол порцелански тен на кожата на лицето, стручните лица препорачуваат да избирате бледи, пастелни нијанси со розови поттонови. Руменила во боја на праска одговараат на девојки со средно темен тен, додека оние со темен тен најдобро е да изберат црвени и портокалови нијанси. Но, покрај за бојата треба да водите грижа и за типот на вашата кожа, па така доколку имате нормална и сува кожа најдобар избор се кремастите руменила кои многу лесно се нанесуваат и со кои ќе изгледате поприродно. За оние со комбинирана кожа се препорачуваат руменила во прав, додека за мрсна кожа најдобар избор е руменилото во гел.
Што се однесува до трендовите, во мода се истакнати образи, но и бледо розовите нијанси и боја на праска која им стои одлично на девојки со посветол тен. Популарни се и бронзените и светло розовите нијанси, како и враќањето на 80-тите, што значи дека оваа година руменило можеме да користиме на образите, јаболчниците, но и на очните капаци.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
Pearl Blush Powder
Руменило за совршен блесок, здрав сјај и свежина на вашето лице. Нова формула на бисерно руменило збогатено со природни био минерали завиткани во масло од јојоба. Достапно е во 9 нијанси. Ве советуваме да го пробате заедно со камената пудра Pearl Finishing Powder за совршен резултат и природен изглед.
Blush Color
Blush Color руменило за лице од познатиот бренд Radiant Professional со широк спектар на бои. Свиленкаста структура, блескав ефект и долготрајност.
Natural Matte Silky Blusher
Руменилото Natural Matte Silky Blusher има долготрајна боја и мат ефект за природен и свеж изглед. Лесно се нанесува и трае преку целиот ден.
Па, кое е вашето омилено руменило?