Како експресно да го зајакнете имунитетот и да го подобрите квалитетот на животот
Многу рецепти за зајакнување на имунитетот се базираат на мед. Ова не е воопшто чудно земајќи ги во предвид лековитите својства на медот кои се познати од многу одамна.
Ако на медот му додадете и полен ќе добиете одлична смеса која ќе ви го промени животот за многу кратко време, доколку секојдневно ја консумирате
Поленот делува на здравјето и благосостојбата на целиот организам. Содржи преку 250 супстанци кои му помагаат на вашето тело правилно да функционира. Досега се покажало дека поленот успешно лекува многу болести, го зајакнува имунитетот, го регулира системот за варење, ја чисти крвта, го регенерира црниот дроб, помага при лекувањето на хепатитис, го лекува крвниот притисок, го снижува нивото на холестерол и поволно делува на нервниот систем.
Поленот се зема во мали количини, за возрасни е доволна една мала лажичка дневно, додека децата можат да земаат половина. Навечер пред спиење ставете во чаша вода една мала лажичка полен, оставете ја преку ноќта, а наутро додајте неколку капки лимон и испијте ја на празен стомак. Потоа не треба да јадете или пиете ништо во наредните дваесетина минути.
Поленот исто така можете да го искористите и за да направите чудотворна смеса од полен и мед – едноставно измешајте ги во сразмер 1:3 и добиената смеса консумирајте ја на празен стомак 3 пати дневно по една супена лажица за возрасни, додека децата можат да земаат два пати дневно по една мала лажичка.
Секако, потребно е да посветите внимание и на вашите животни навики, исхраната, движењето и сл. за да постигнете навистина успешни резултати, бидејќи смесата сама по себе нема да биде доволна да ве излечи. Избегнувајте го белиот шеќер, белиот ориз, белото брашно и солта, трудете се да не консумирате индустриска храна и пијалоци (подготвувајте си ги сами) и редовно вежбајте или шетајте 3-5 километри дневно.
На ваков начин ќе го промените вашиот живот од корен и ќе се чувствувате многу подобро.
Извор: stipka.com/ pressonline