Реклама
Модни совети

7 начини како да го зачините вашиот мал црн фустан

Реклама

Малиот црн фустан е must-have парче за секој женски плакар бидејќи преставува безвременска класика со која секогаш можете да изгледате шик и поинаку.

Доволно е само малку да се поиграте со вашите омилени модни додатоци и еден ист фустан ќе го носите на милион различни начини и со секој нов детаљ што ќе го изберете ќе внесете сосема нов живот во комбинацијата. Па така кога е студено изберете шал или наметка и заокружете го вашиот стајлинг, или пак изберете некои хулахопки со текстура која ќе одговара на фустанот.

Маркетинг

ШАЛ ИЛИ НАМЕТКА

Маркетинг

Шаловите не се само за студените месеци, тие можат да се носат и преку целата година. Едноставно треба да ја изберете тежината на шалот да одговара на сезоната во која ќе го носите. Посветлиот шал со точки е одличен за пролет и лето, а кога ќе дојде студеното време, шаловите од памук и кашмир одлично ќе го заокружат вашиот топол зимски изглед. Што се однесува пак до наметките, па и популарното пончо, тие се апсолутен хит и со нив нема да погрешите!

ОГРЛИЦА

Огрлиците додаваат малку сјај на црниот фустан. Стејтмент огрлица ќе ви донесе едноставен гламур во допир кој ќе ви го заокружи деколтето. Експериментирајте со  Chunky огрлици или пак со огрлици кои се рачна изработка на македонските дизајнери и кои ќе одговараат на вашиот личен стил.

ТЕСЕН РЕМЕН

Тесните ремени замотани околу половината ја истакнуваат вашата силуета. За канцеларија, обнидете се со црн или беж тесен ремен. За забава не плашете се да се обидете со ремен во различни бои и текстури.

ХУЛАХОПКИ СО ТЕКСТУРА

Покажете го вашиот единствен стил со пар чорапи кои се со интересен дезен или текстура. Чорапите од тантела се одличен избор за вечерно излегување, додека непроѕирните се најдобри за работа.

ЧАНТА ВО БОЈА

Мини чанта во интересна боја изгледа одлично на црниот фустан. „Овер-сајз“ чанта исто така ќе изгледа многу добро. Едноставно треба да се поиграте со овој моден додаток и да го освежите изгледот на вашиот омилен мал црн фустан.

УКРАС ВО КОСА

Доколку не сте љубителка на накитот, а сакате да внесете малку живот во вашиот мал црн фустан, тогаш обидете се со убава лента која е украсена со сјај.

Побарајте украси за коса кои ќе одговараат на модните додатоци кои ги носите, како и на чантата и чевлите. Секогаш можете да се потпрете на сребрена боја, бидејќи сребрените ленти одлично функционираат на секоја боја на коса.

ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ VS НИСКИ

Чевлите во боја ќе ја разбијат монотонијата на малиот црн фустан, а истото е и со чевлите кои се со високи потпетици и животински дезен. Но, за почеток обидете се со високи потпетици во сина, црвена, зелена или некоја неон нијанса. Чевлите во боја ќе го разубават вашиот изглед во секоја сезона.

топ 15 мали црни фустани »

А сега откако ги прочитавте советите како да го зачините вашиот мал црн фустан, отворете ја галеријата и разгледајте ги цените на најубавите парчиња од најпознатите high-street продавници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button