Реклама
Престиж

Како да го спасите мобилниот од „давење“

Реклама

Време е за летни одмори, време кога под дифолт треба да сме покрај некоја водена површина, без разлика дали се работи за море, базен, езеро, река, спа …

Маркетинг

Но водата може да преставува и сериозен проблем за нашите гаџети како што се на пр. мобилните и фотоапаратите, коишто постојано ги носиме со нас. Многу често на луѓето им се случува џиџит новиот мобилен телефон да им падне во водата, па доколку сте еден од овие „среќници“, тогаш обидете се да ја спасите вашата направа на следниов начин:

 Не вклучувајте го 

Маркетинг

Доколку мобилниот или фотоапаратот по некоја случајност ви паднал во водата и добро се разладил, тогаш, откако ќе го извадите на суво, никако не треба веднаш да го вклучите. Почекајте убаво да се исуши, па дури потоа пробајте си ја среќата.

 Разделете го на делови 

Најдобро е веднаш откако ќе го спасите од водата, мобилниот да го отворите и сите делови да ги исушите посебно. Значи одделете ја батеријата, СИМ картичката, мемориската картичка.. сето она што можете да го извадите без да сте Сулејман за мобилни.

 Измијте го од солената вода 

Доколку сте на одмор на море, и ви паднал телефонот во водата, тоа значи дека е во сериозен проблем. Солта и останатите минерали можат да му наштетат на вашиот апарат, затоа најдобро е да го „истуширате“ со обична вода. Откако ќе го направите тоа следете ги останатите упатства.

 Ставете го во сад со ориз 

Можеби не сте знаеле дека оризот има својство да впива влага, па затоа би било пожелно апаратот-давеник да го оставите во сад со ориз да одстои од 12 до 24 часови. Е сега, тоа ќе ви биде проблем доколку немате друг телефон при рака, бидејќи треба да се слушнете со фраерот/ката со кого разменивте броеви.. но дали е подобро вашиот телефон никогаш повеќе да не изусти „зрррр-зрррр“

 Вклучете го 

Откако ќе бидете сигурни дека вашиот мобилен е сув, составете го и обидете се да го вклучите. Доколку се запали светлото на екранот, тоа значи дека вашето „вештачко дишење“ било успешно и дека за него се уште има надеж. Во спротивно – носете го на „доктор – специјалист “ или едноставно, преболете го!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button