Реклама
Модни совети

Како да го сокриете вишокот на колковите и стомакот

Реклама

Една од најдобро чуваните тајни на претставничките на понежниот пол е критичната зона која се наоѓа веднаш над колковите.

Навистина се ретки оние девојки кои немаат проблем со вишок над колковите, а доколку и вие го имате овој проблем, сигурно не сте единствената која сака да ја сокрие својата критична зона.

Маркетинг

Овој проблем го имаат и слабите девојки, а доколку сакате да го обликувате тој дел од телото со вежби треба да знаете дека тоа е долготраен и напорен процес. Но, тренинзите и правилната исхрана не се единствениот начин како да ги сокриеме таканаречените перничиња на колковите или спојлери. Прочитајте ги следните трикови кои можат да ви помогнат да го сокриете несаканиот вишок на колковите со помош на вашата облека.

Маркетинг

1. Широки панталони

Фармерки и панталони со повеќе еластин, но со широк крој можат да бидат многу корисни во прикривањето на несаканиот вишок. Секако посакувано е да ја избегнувате облеката која потполно ја следи линијата на телото, особено тесните фармерки со многу еластин во кои можете да изгледате како во цртан филм.

2. Фармерки и панталони со низок струк – ни на сон!

Ниските фармерки со тесен струк многу лесно ќе го стегнат вишокот и ќе го истакнат. Вишокот на боковите и струкот на англиски се вика muffin top а ние ќе си ги викаме „перничиња“. Симпатична и очигледна асоцијација, нели!? Но покрај тоа што не се модерни, панталоните со низок струк и визуелно ви ги кратат нозете, па перничињата доаѓаат до израз. Од друга страна панталоните и фармерките со висок струк ќе го сокријат вишокот на колковите, но и на стомакот, и ќе ја нагласат половината давајќи и на фигурата женска линија. Исто така ако сакате да носите кратки маици и топови, со здолниште со висок струк ќе изгледате елегантно.

3. Широки маици и блузи

Маици и блузи со широк крој исто така се модерни и носиви во сите пригоди. Тие се удобни за носење како за во дневна така и за вечерна комбинација и елегантен изглед. Една долга и широка блуза едноставно ќе ги покрие сите недостатоци и вишокот дури и ако носите фармерки или панталони кои во пределот на струкот и не ви ласкаат баш многу.

4. Насмевка и самодоверба

Како и да е, најдобар ефект во борбата со вишокот и неправилностите на телото е да бидете искрени кон самите себеси. Дали вашите панталони се претесни? Имате ли вишок килограми и дали треба да го сокриете?

Па, најдобро е секоја од нас да се сочи самата со себеси и да си ги признае недостатоците. Да си кажете „ОК, тоа сум јас“ и наместо да се грижите, да се прифатите такви какви што сте, а потоа и да се обидете да се поиграте со трендовите и со вашата облека, и да бидете сигурни во самата себеси и задоволни од вашиот изглед. Сепак, нема ништо поубаво и посекси од самоуверена, позитивна и насмеана жена, нели?

Grazia.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button