Како да го прочистите воздухот во вашиот дом на природен начин кога надвор е презагадено – 10 најдобри совети што не чинат многу пари
Квалитетот на воздухот дома е исклучително важен. Тоа е воздухот што го дишеме секој ден. Заради тоа, неговото прочистување е есенцијално за оптимално здравје. Еве неколку начини како природно да го прочистите вашиот дом.
Во периоди на високо аерозагадување, како што деновиви повторно се соочуваат поголемите градови низ Македонија, особено Скопје и Струмица, важно ни е да го прочистиме воздухот барем дома и во просториите во кои престојуваме.
Со толку многу надворешни загадувачи на животната средина, често забораваме да се занимаваме со дополнителните загадувачи што се кријат во нашата внатрешна средина, во нашиот дом, што го прават внатрешниот воздух дури и позагаден отколку надворешниот воздух, а од друга страна пак, не можеме да проветруваме што почесто зашто и надворешниот воздух е екстремно загаден. Што тогаш?
Еве неколку начини како природно да го прочистите воздухот во вашиот дом.
Внесете повеќе растенија во вашиот дом и во работната просторија
Растенијата се познати по тоа што го прочистуваат и освежуваат воздухот. Тие го зголемуваат кислородот, впиваат штетни гасови и токсини, и ја апсорбираат прашината.
Бидејќи се природни борци против аерозагадувањето, едно растение може да прочисти околу 10 квадратни метри.
Не само што растенијата помагаат да се прочисти воздухот, туку и го намалуваат стресот, што е уште една причина да ги имате што повеќе во вашиот дом.
Најдобри растенија за прочистување на воздухот се:
Спатифилум – апсорбира формалдехид, амонијак и бензен.
Пајак, пајак бршлен (Spider plant) – прочистува CO2 и штетни хемикалии од воздухот.
Арека палми – тие се совршени прочистувачи на воздух за секоја просторија.
Хризантеми – прочистувачи на воздух кои ги сакаат светлите и сончеви простори.
Англиски бршлени – одлични се за канцелариски простории.
Сукуленти – совршени се за спалната соба.
Алое вера – има корисни својства за кожата, но исто така помага во прочистувањето на воздухот.
Овие растенија можат значително да го подобрат квалитетот на воздухот, дури и кога проветрувањето е ограничено.
Прочистувачи на воздух
Можеби не е баш “природно” во класичната смисла на зборот, но набавете си електричен прочистувач на воздух со HEPA филтри и активен јаглен што ефикасно филтрира честички, бактерии и токсини.
Инвестицијата во ваков уред може да биде одлично решение за прочистување на воздухот во домот.
Активен јаглен
Активниот јаглен, како и сода бикарбоната, се природни материјали кои апсорбираат мириси и токсини од воздухот. Може да ги поставите во различни делови од домот, особено во кујната или во спална соба, за да ги ублажите негативните ефекти на загадениот воздух. Може да се постават во отворени садови.
Сода бикарбона
За да ги неутрализирате непријатните мириси или токсини од воздухот, можете да ставите на повеќе места од домот отворени садови со сода бикарбона. Таа делува како природен апсорбер на миризба, и помага во прочистувањето на воздухот.
Користете есенцијални масла за прочистување
Некои есенцијални масла, како масло од лаванда, масло од чајно дрво, и еукалиптус, имаат антисептички и освежувачки својства.
Може да се користат со дифузер или да се додаваат во вода за создавање природен освежувач на воздух.
Овие масла помагаат во елиминирање на мирисите и може да делуваат како природни антибактериски средства.
Влажни крпи
Ако не можете да проветрувате поради загадувањето надвор, важно е да создадете затворена зона која ќе биде што помалку изложена на надворешни влијанија. Можете да користите влажни крпи кои ќе ги поставите на прозорците или на вратите за да ја задржите прашината и загадувачите надвор од домот.
Отстранете ги изворите на загадување
Затворањето на вратите и прозорците е најосновна мера, но и важно е да се избегнува користење на сите загадувачи во домот. Тоа значи избегнување на пушење во затворени простории, избегнување на употреба на освежувачи на воздух и хемикалии за чистење што може да ослободуваат токсични гасови.
Солни лампи и хималајска сол
Користењето на солни лампи е нов тренд за прочистување на воздухот. Солкристалите се познати по тоа што ги намалуваат алергените, иритациите и патогените во воздухот. Понатаму, хималајската розова сол е јонски прочистувач на воздухот кој ги неутрализира токсините. Овие фактори ги прават солните лампи стилски, но и многу функционални декорации за просторијата.
Свеќи од пчелин восок
Одлична опција за прочистување на воздухот бидејќи го јонизираат воздухот и ги неутрализираат алергените, контаминираните материјали и токсините. Свеќите горат бавно со малку или без дим, што е корисно за луѓето со проблеми со дишењето.
Користете природни материјали за декорација
Избегнувајте употреба на материјали кои ослободуваат штетни хемикалии, како што се пластика или синтетички текстили. Природните материјали, како дрво, памук и волна, помагаат да се минимизира загадувањето на воздухот.
Овие природни методи ќе помогнат да го подобрите квалитетот на воздухот во домот, дури и кога надворешните услови се многу неповолни.