Дом и семејство

Како да го претворите стариот вентилатор во моќен клима-уред без никакви трошоци

Advertisement

Ако немате клима-уред дома, нема место за паника! Со неколку едноставни и ефтини трикови, можете значително да го разладите просторот и полесно да ја поднесете летната жега, без дополнителни трошоци за електрична енергија или нова опрема.

Еве три едноставни начини како вашиот обичен вентилатор да го претворите во ефективен систем за разладување:

Advertisement

1. Коцки мраз пред вентилаторот

Ставете плиток сад со коцки мраз точно пред вентилаторот. Кога воздухот ќе дува низ мразот, во просторијата ќе се шири пријатен и разладувачки воздух. Кога мразот ќе се стопи, само додадете нов за да продолжите со освежувањето.

2. Замрзнати шишиња со вода за подолг ефект

Наполнете пластични шишиња со вода и замрзнете ги. Потоа ставете ги пред вентилаторот. Смрзнатата вода во шишињата се топи побавно од мразот во коцки, па на овој начин ќе добиете подолготрајно разладување.

3. Мраз во пешкир

Завиткајте мраз или замрзнато пластично шише во чист пешкир и закачете го (на пример, меѓу две столици) пред вентилаторот. Под пешкирот ставете сад за да се собере стопениот мраз и да не се намокри подот.

Advertisement

Зошто функционира ова?

Кога топлиот воздух се судрува со ладна површина (како мразот), тој се лади, а вентилаторот го разнесува свежиот воздух низ просторијата. Ова е едноставен и енергетски ефикасен начин на ладење кој не чини речиси ништо.

пекселс

Дополнителни совети:

Држете ги прозорците и завесите затворени во најтоплите делови од денот.

Избегнувајте вклучување уреди што создаваат топлина.

Навлажнете го подот со студена вода за моментално освежување.

Со овие совети, не само што ќе го подобрите квалитетот на воздухот дома, туку и ќе заштедите пари. Идеално решение за најжешките денови во годината!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button