Целулитот ги напаѓа сите жени, дури и оние слабите. Покрај урамнотежената исхрана, во борбата против целулитот помага и физичката активност.
Овде ви пренесуваме една брза и ефикасна вежба која ќе ви помогне да добиете затегнати и тонирани мускули и да се ослободите од лошиот целулит!
Дури и редовно да вежбате, може да се најдете во ситуација да не сте задоволни со изгледот на бутовите и задникот. Ова е критична зона за многу девојки и жени, посебно ако е „украесена“ со наслаги на целулит. Најдобриот начин да се ослободите од целулитот е да ги затегнете и тонирате мускулите на колковите, задникот и бутовите.
Во ова ќе ви помогне следнава вежба, која треба да ја правите секојдневно за да ги постигнете саканите резултати:
1. Застанете со благо раширени нозе. Ставете ги рацете на колковите, свиткајте ја десната нога во коленото и кренете ја нагоре. Со лесни движења турнете ја петата нагоре кон плафонот. Повторете дваесет пати.
2. Кога ќе завршите со кревањето на петата нагоре, фатете се со десната рака за десниот скочен зглоб. Повлечете ја ногата колку што можете повеќе нагоре, во исто време кревајќи го горниот дел од телото и левата рака нагоре. Останете во оваа положба, околу дваесетина секунди, водејќи сметка правилно да дишите.
3. Вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата на другата нога.
Извор:kurir.rs