ОПУШТЕТЕ ГО ВКОЧАНЕТИОТ ВРАТ ЗА МИГ: Киропрактичар открива како да да ја ублажите болката
Болката и во вратот и и во плешките е честа појава кај возрасните.
Се појавува од различни причини, непријатна е и луѓето се обидуваат со масажа или со одење кај киропрактичар да ја ослеснат болката. Еве неколку совети на киропрактичар како да си олесните веднаш штом вратот ќе ви се вкочани, а масажерот го нема никаде на видик…
1. Лоцирајте го проблемот
Ова е првиот чекор. Пронајдете ја точката којашто најмногу ве боли. Со рака пребарајте ги сите болни места по должината на мускулите на вратот.
2. Нежно масирајте ги болните места
Откако ќе откриете каде точно ве боли, цврто, но не силно, почнете да масирате. Масирајте нагоре и надолу, односно во правец на главата и рамениците. Тениско топче или некој друг сличен предмет е идеален за овој тип масажа.
3. Истегнете ги мускулите на вратот
Откако најмалку триесет секунди ќе ги масирате болните места, време е да ги истегнете мускулите на вратот. Спуштете ја главата надолу и свртете ја кон пазувите, како да се обидувате да ги мириснете. На тој начин нежно и полека ги истегнувате вратните мускули во сите правци.
4. Повторете
Доколкук го направите ова еднаш или два пати, ќе почувствувате олеснување. Повторете ја вежбата неколку пати и, доколку една вежба трае подолго од една минута, вкочанетоста на вратот постепено ќе исчезне засекогаш.