Врзете го и тргнете во акција!
Најлесен начин за да го врзете вашето „кученце“ е да му ја соблечете кошулата, но не целосно, туку ракавите нека му останат закопчани, односно нека останат на неговите раце, како би можеле слободно да му ги префрлите зад неговиот грб. Кога ќе го направите ова врзете му ги со краевите од кошулата и тргнете во акција. Тајната на успехот во оваа ситуација е само во ваши раце (бидејќи неговите веќе се врзани, нели?!).
Испратете му „скокотлива“ фотографија!
Направете го тоа додека сте во некое друштво, отидете до тоалетот, сликајте се и испратете му ја сликата. Или пак, додека сте во кафуле, обидете се да направите некоја секси фотографија и истата да му ја испратите. Ваквите работи ги излудуваат претставниците на посилниот пол, па кога ќе се вратите ќе добиете многу повеќе од вообичаената прегратка и бакнежи. Само добро внимавајте кому ќе му ја испратите фотографијата, да не заврши случајно на некоја погрешна адреса. Или ако немате 100 % доверба во него, тогаш не морате да се гледате вие, туку вашата цица маца. :)