Натерајте го да размислува за секс
Кога веќе сте излезени и сте заедно, без разлика дали станува збор за ваш прв состанок или веќе подолго време сте во врска, обидете се што почесто да го натерате да размислува како води љубов со вас. Побарајте од него да ви ја поднамести косата, да ви го измасира грбот, а кога ќе ги почувствувате неговите раце на вашето тело, тивко застенкајте и продолжете со муабетот како ништо да не се случило. По некое време повторете го ова или нешто слично, постојан покажувајќи му ја вашата слатка насмевка.
Секси мобинг
Секси мобинг
Побарајте од партнерот да се преправате дека сте некои други. Еве на пр. нека биде тој шеф на некое претпријатие, а вие неговата палава секретарка. Или, уште подобро, нека биде тој пратеник, а вие пратеничка од спротивната партија. Полека свртете го муабетот кон тоа дека вие сте крајно фасцинирана од неговата појава, дека би сакале да бидете под негова контрола, дека радо би ја промениле партиската книшка за него, дека човек како него никогаш нема да има проблем со ниту една жена… Оваа игра најчесто завршува со прегратка, и тоа со прегратка во која вие ќе бидете како од мајка родена.
Само зборови, без допири …
Почнете разговор во кој ќе му кажете сето она што би сакале да му го направите кога би биле во кревет со него. Побарајте и од него да го каже тоа. Потоа повторно прво вие опишете некоја ситуација во која би сакале да се најдете со него, која и не е баш пристојна. Потоа нека го направи истото и тој… Натерајте го и тој да ви раскаже што би сакал да прави со вас, но она што досега никако не се осмелил да ви го каже. Направете го ова додека сте на вечера во некој ресторан, а потоа препуштете му се целосно на ефектот, без разлика дали тоа ќе биде дома, во автомобил или некаде на отворено.
Премини на следната страна >>