Три природни состојки кои познатите блогерки ги користат за да ги зголемат усните
Зголемувањето на усните со вакум методата која се прошири како епидемија благодарение на интернетот, за среќа, е минато, но бјути блогерките денес се колнат во ефективноста на некои намирници. Еве кои се тие.
Многу жени сакаат големи полни усни, но самата помисла дека треба да вбризгаат филер им се крева косата. Затоа бјути индустријата е во потрага за други решенија која на усните ќе им даде полн изглед и волумен (се смета дека кремите и кармините со хијалуронска киселина тука се највлијателни!), а и познатите бјути блогерки се во истата мисија. Така од неодамна на интернет можете да пронајдете неколку состојки кои ги зголемуваат усните, а три од нив дефинитивно се хит меѓу познатите блогерки.
Еве кои се најфалените и што можете да очекувате од нив
Кајенска пиперка
Овој зачин ја поттикнува циркулацијата па не треба да се изненадите ако помалку ве пече. Девојките кои го пробале се колнат дека навистина дава привремен ефект на зголемување, но и убава боја на усните. Ако сакате да го пробате, помешајте го со маслиново масло и неколку минути оставете го да постои на усните, па потоа истријте убаво и измијте ги (особено ако планирате да се бакнувате со некого).
Етерично масло од мента
Ова исто така е голем хит меѓу инста-девојките, но најверојатно има најкраток ефект. Откако ќе го нанесете на усните (и откако повторно ќе почувствувате благо пецкање) волуменот се зголемува, но тоа задоволство не трае многу долго
Сепак, ефектот на свеж здив ви е сигурен!
Цимет
Бидете подготвени за пецкање, и тоа не баш пријатно! Но девојките се подготвени да поднесат многу работи кога станува збор за нивната убавина, па постојано се фалат на своите блогови како пред излегување нанесуваат семса од бадемово масло со цимет како усните би им изгледале поголеми. Исто така, бидејќи се прокрвавени, тие имаат црвена боја што блогерките го сметаат како уште еден плус на овој зачин во корист на убавината.
Наш совет – ако веќе сте решени да пробате, најпрво направете го тоа со мали минимални количини. Имајте покрај себе памук и бебешко масло доколку има потреба за брзинско чистење поради иритација!