Пет начини како да ги стилизирате вашите шишки
Оние кои имаат шишки знаат колку се комплицирани за одржување и дека со нив не можете никогаш да бидете 100 сигурни.
Па, ако одвреме-навреме посакувате да ги немате и не знаете што да првите со нив, ви претставуваме пет идеи како можете наједноставно да ги стилизирате. Едноставно откако еднаш ќе научите како функционираат, ќе сфатите дека и не се баш толку комплицирани за одржување. Тие се хит веќе некое време, особено во Холивуд, а меѓу најпопуларните се разиграните шишки разделени на средина (види тука) и густите шишки кои паѓаат преку очите, додека должината на косата е до рамењата, а фризурата неуредна и инспирирана од рокерскиот стил од 70-тите. Ако имате кратка коса шишките даваат доза на опуштеност и женственост која им недостига на ваквите фризури, а најдобро функционираат на рамна коса (како што е на пример косата на Фатиме Фетаи) бидејќи така имате многу малку работа со нив за разлика од витканата коса каде и најмала влага може да предизвика „тектонски“ промени.
Како и да е, погледнете го видеото на сестрите блогерки Мими и Лејла попознати како Luxy Hair кои со својот одличен видео туторијал претставија пет едноставни фризури со шишки кои можат да ве инспирираат како и вие да ги стилизирате вашите шишки.
{youtube}tH4ZqvgFk9g{/youtube}