Модни совети

Како да ги прикриете проблематичните делови на вашето тело

Advertisement

 

Како да ги намалите колковите?

Advertisement

Широките полни колкови се болна точка за многу жени која им предизвикува нервози од пубертетот па наваму. Следниве трикови ќе ви помогнат визуелно да ги намалите колковите иу да го ублажите обликот на круша на вашето тело.

Здолништа: широките колкови ќе ги прекриете со пополни здолништа до под колената. Избегнувајте тесни здолништа со висок струк и избирајте здолништа со А-линија или здолништа со нагласени рабови.

Advertisement

Панталони: барајте пополни панталони со широки ногавици и избегнувајте ги таканаречените три-четврти панталони.

Фустани: добро дефинирана половина и поширок, полн, долен дел ќе ги прикрие широките колкови, додека горниот дел треба да биде во форма на корсет без прерамки или со ве-израз за да го одвлече вниманието од долниот дел.

Палта: избегнувајте кратки и тесни палта кои ги истакнуваат колковите и задникот и придржувајте се кон подолги палта кои ги прикриваат колковите.

Горни делови: кога можете носете горен дел што се врзува околу вратот или со рамен отвор, за рамениците да ви изгледаат пошироки. Се препорачуваат и џемпери со вертикални линии. Избегнувајте тесни и припиени горни делови.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button