Како да изгледате повисоки?
Високите потпетици моментално ве прават повисоки, позгодни, со подолги нозе и поубава фигура. Но, како што сите жени знаат, од нив многу болат нозете! Еве неколку трикови да изгледате повисоки, а воедно и да ги одморите нозете од високите потпетици.
Панталони: панталоните со долги, широки ногавици ги издолжуваат нозете. Тенките линии или наборите на предната страна се исто така добро решение, но само за оние кои можат да си дозволат да изгледаат со некое килце плус.
Здолништа: правилото е дека кратките здолништа ги прават жените повисоки. Не мора да бидат екстремно кратки, доволно е и над колената. Избегнувајте долги здолништа доколку висината не ви е јака страна.
Фустани: фустаните со висок струк го издолжуваат долниот дел од телото. Исто и со фустаните бирајте должина до над колената.
Горни делови: вертикалните линии, ве-изразите како и долгите тенки џемпери ќе ве направат повисоки.
Палта: избирајте кратки палта бидејќи во подолги ќе изгледате пониски.
Преминете на следната страна >>