Реклама
MAMAДом и семејство

Како да ги научите децата да се однесуваат одговорно кон мачките?

Реклама

Мачките имаат посебни потреби, вклучувајќи ја и потребата за интеракција со луѓето.

ФОТО: animalwellnessmagazine.com

Подучувањето на вашето дете да биде нежен сопственик значи да му помогнете да ги разбере и да ги почитува особините на овие животни. Однесувањето на мачките честопати не можат да го сфатат и возрасните, па не би требало да бидете изненадени што на децата им требаат насики за тоа како да живеат во склад со семејната мачка. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги соедините децата со едни од најубавите животни.

Научете го детето да го чита говорот на телото на мачката.Вашето дете треба да го научи говорот на телото на мачката, за да утврди кога е среќна и задоволна, а кога е подобро да ја остави на мир. На пример, опуштената мачка која ужива ќе се доближува до детето, ќе игра, ќе се гали.

Маркетинг

Допирајте ја мачката на вистинскиот начин.Постои вистински и погрешен начин за да се допира мачката. Вистинскиот облик е со отворена рака и благи и нежни движења да ја галите, а погрешниот вклучува туркање, повлекување или грабнување на кој било начин. Ако вашето дете е мало, треба да ја ставите неговата рака врз мачката и заедно да ја галите.

Научете го детето правилно да ја држи мачката.Децата имаат изненадни и непредвидливи движења, а мачките не сакаат изненадувања. Затоа, од особена важност е да го подучите детето како да ја држи мачката. Фаќањето или присилното држање на мачката значи дека таа ќе го изгребе или ќе го удри.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button