Реклама
Нега и здравје

Како да ги натераме децата да јадат повеќе зеленчук?

Реклама

Повеќето родители се свесни дека овошјето и зеленчукот треба да претставуваат најважен дел од исхраната на нивните деца бидејќи тие се одличен природен извор на витамини, минерали и влакна.

Маркетинг

Повеќето деца стекнуваат навика да јадат овошје уште од најрана возраст и најчесто сакаат да јадат овошје поради благиот вкус. Но, за жал, многу родители мака мачат да ги убедат своите деца редовно да јадат по малку зеленчук, а уште потешко им е да постигнат зеленчукот секојдневно да биде на нивното мени.

Колку зеленчук би требало да јаде детето секој ден?

Маркетинг

Генералното правило е дека треба да се внесуваат 3-5 порции на зеленчук дневно, но врз основа на пирамидата на здрава храна, стручните лица даваат прецизни препораки засновани на возраста и полот на детето.

·    2 – 3 години – 1 шолја зеленчук дневно
·    4 – 8 години -1 1/2 шолји
·    9 – 13 години девојчиња – 2 шолји
·    9 – 13 години момчиња – 2 1/2 шолји
·    14 – 18 години девојчиња – 2 1/2 шолји
·    14 – 18 години девојчиња – 3 шолји

Една шолја содржи 250 дцл. Тежината изразена во грамови варира според волуменот на зеленчук кој може да го собере во една шолја, со тоа што под 1 шолја зелен листест зеленчук всушност се подразбира количината која ќе ја собере во две шолји. Ако ви е полесно да сметате во оброци, а не во шолји, треба да земете во предвид дека еден оброк е еднаков на 1/2 шолја свеж или варен зеленчук, 1 шолја листест или 1/2 шолја конзервиран или сварен зрнест зеленчук. Оброците за помалите деца се уште помали, така што оброкот за деца од 2 или 3 години е еднаков на околу половина оброк за возрасен.

Децата во текот на неделата треба да јадат разноврсен зеленчук: темно зелен како брокула, спанаќ, зелена салата, портокалов зеленчук како морков и тиква, зрнест зеленчук како грашок, леќа и грав, како и друг сезонски зеленчук како карфиол, целер, пиперка, домат, тиквички и т.н.

Како да ги убедиме децата да јадат (повеќе) зеленчук?

Мнозина стручњаци препорачуваат уште од најрана возраст на децата да им се нуди широк избор на овошје и зеленчук. Многу можат да ви помогнат следниве тактики:

·    Давајте им добар пример на децата со тоа што и самите ќе јадете зеленчук
·    Зеленчукот можете да го прелиете со некој нискокалориче сос или прелив кој ќе му даде поубав вкус
·    Измешајте го зеленчукот со храна која детето ја сака, на пример како додаток во сос за шпагети, во супа, или пак направете пица со зеленчук
·    Доколку имате можност засадете заедно некој зеленчук во дворот и заедно одгледувајте го со децата, или пак одете заедно на пазар и дозволете им сами да си изберат што ќе си купат
·    Сервирајте им на децата зеленчук наместо грицки, на пример морков или краставица
·    Дајте им на децата можност да изберат. Нудете им различен зеленчук во мали оброци и бидете трпеливи – некои мали пребирливци нема да сакаат ниту да пробаат некој нов зеленчук додека не го видат барем десет пати во чинијата.

Извор: dijeta.net, Штипка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button