Кожа и ноктиНокти

Овој трик ќе го обожавате – како треба да ги лакирате ноктите!

Advertisement

Еве што треба да направите за да имате совршено лакирани нокти

Advertisement

Во сад со вода ставете лепило за нокти и вода, па добро измешајте. Тенката четкичка натопете ја во течноста и премачкајте ја кожичката околу ноктите, но не и ноктот. Кога ќе се исуши, налакирајте ги ноктите до ивицата. Исушениот лепак создава проѕирен филм, кој лесно можете да го излупите со пинцета, а лакот нема да премине на кожата.

СОВРШЕНА БОЈА

Advertisement

Ноктите прво премачкајте ги со бел, непроѕирен лак за нокти. Кога ќе се исуши, нанесете ја саканата боја, бидејќи така ќе биде многу посилна и нема да се проѕира, па дури и само со едно нанесување на лакот.

БРЗО СУШЕЊЕ

По лакирањето, на секој прст капнете по малку масло, така што ќе го прекриете ноктот. За неколку секунди лакот ќе ви се исуши. Маслото (сончогледово или маслиново, сеедно!) можете да го истриете во кожичката и да ја нахраните.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button