Сексот е секс само кога ќе доживеете оргазам. Точка.
Сето останато е само потење во кое вие не сте имале никакви допирни точки со она што се вика задоволство. Можеби ова звучи фрустирачки, но за жал таква е вистината, којашто колку повеќе се обидуваме да ја промениме, ТОА едноставно НЕ се случува. Токму затоа за денес решивме да ви пренесеме неколку совети од големите мајстори на кујната на задоволствата, па доколку се придржувате кон некој од нив, големото О може да ви стане секојдневие. Но, да почнеме по ред!
Мислам значи ќе доживеам големо О
Колку почесто размислувате за секс и имате некои слатки идеи во вашата глава, толку почесто ќе бидете во непосреден допир со врвот на женските задоволства. Размислувајте за вашите јунаци, без разлика дали станува збор за Никола Ристановски, Роберт Патисон или пак некое слатко момче од соседната канцеларија. Важно е да сте постојано во игра, како што тоа го прават мажите, но за жал, во последно време, се повеќе со кецови и нули наменети за во кладилници.
Бидете подготвена
Доколку почнете со нежните допири уште од рано наутро, тогаш неминовно е да доживеете оргазам кога ќе имате секс со вашиот партнер. Поминете неколку минути допирајќи се самата себеси во креветот или за време на утринското туширање. Ова ќе го стимулира вашиот нагон да биде спремен за финалето, па така повторете го тоа, со допири или само со мислите, уште неколку пати во текот на денот. Нека биде тоа додека се возите во некој лифт (за кој сте сигурна дека нема камера!) или пак додека сте сама во вашата канцеларија и се подготвувате за дома.
Повеќе предигра – поголемо задоволство
Кога ќе почнете со бакнувањето, гледајте да останете на тоа што подолго. Разбијте ја монотијата така што галењето и бакнувањето ќе го префрлете во оние, почувствителни зони (да, да .. токму на тоа мислевме!), а кога вашиот партнер ќе се најде меѓу вашите нозе и ќе биде во игра со вашиот клиторис, запомнете дека горниот лев дел е една од најосетливите зони! Но, како сега да му го речете тоа, по ѓаволите?! Одговорот на ова прашање пронајдете го во нашата рубрика Љубов + секс :)
Применете нешто од вашите часови по јога
Кога играта ќе почне, обидете се што можете повеќе да мислите на оние нешта кои најбрзо ќе ве однесат онаму каде што сакате да сте во моментот. Нека биде тоа во корелација со движењата на вашиот партнер, па секогаш кога партнерот ќе направи некое движење кое ќе ви причини големо задоволство, обидете се со мислите истото да го засилите. Концетрирајте се на вашето момче и на секој негов допир.
Сакајте го вашето тело
Многу истражувања покажале дека оние девојки кои се задоволни од нивното тело и изглед, многу полесно доживуваат оргазам. Затоа мислете позитивно за вашето тело, особено за оние делови за кои сте сигурни дека се секси – вашите гради, задник, нозе… нека бидат тие секогаш во преден план кога ќе се најдете очи во очи со човекот со кој сте решени да го скршите малерот кој го викаме – секс без оргазам, или нагалено речено сексче!
Посветете внимание на главното
Многу девојки не сакаат да се соочат со фактот дека вашето присуство долу, кога акцијата е веќе во полн ек, може само да придонесе за побрзо да доживеете оргазам. Затоа ве советуваме што почесто да ги користите вашите прсти, па дури и некои сексуални помагала, како би добиле екстра стимулација на вашиот клиторис за време на сексот, а со тоа и поголемо задоволство.
Прочитајте ја приказната до крај
За крај би ве посоветувале да запомните дека ерогените зони не се само меѓу вашите ноџенца! Некои девојки многу се возбудуваат кога некој ќе им ги стимулира и допира нивните гради, додека не се за потценување ни оние девојки кои што се возбудуваат со нежни допири со прстињата на нивниот анус – па токму затоа, можеби треба да се обидете да експериментирате, особено со моќта на играчките за возрасни и да му дозволете на вашиот партнер да биде секаде и да проба се што би можело да ви причини задоволство. Едноставно, бидете креативна, но и по малку непристојна!
{simplepopup}
{/simplepopup}