Тренерот на познатата актерка откри какви вежби правеше таа за враќање во форма по втората бременост
Блејк Лавли која важи и за една од најголемите модни икони на светот, во втората бременост се поправи 27 килограми. Но набргу откако се породи, со помош на тренерот Дон Саладин брзо се врати во форма. Тој за австралискиот „Harper’s Bazaar“ откри како го направила тоа.
https://www.instagram.com/p/BfG6rRslId9/?utm_source=ig_embed
Блејк во неговата теретана вежбала три пати во неделата, а за време на тренингот правела интензивни исчекори, дигање тегови, склекови, стомачни и разни интензивни кардио вежби. Покрај тоа секој тренинг го започнувала со вежби за дишење и масажа на таканареченото foam roller односно валјак од пена како телото би се подготвило за вежбање.
Тој ја советуваше и дека е важно еден час пред тренинг да изеде мал оброк кој содржи протеини, здрави масти и зеленчук.