Секој од нас се сеќава на какаото – омилениот пијалак од детството. Но, откако ќе ги прочитате овие здравствени придобивки кои ви ги нуди тој, сигурно повторно ќе го ставите на вашето дневно мени.
Спроведените истражувања покажуваат дека пиењето какао е одлична превенција на рак, срцеви заболувања, па дури и на стареењето. Според една студија концентрацијата на антиоксиданси во какаото е три пати поголема од онаа во црвеното вино. Истото важи и во случајот со зелениот чај. Пофесорот Ченг Ли вели дека е особено важно да се пие топло затоа што, на тој начин антиоксидансите полесно се ослободуваат.
Бројни научни студии потврдиле дека какаото го стимулира производството на ендорфинот во мозокот, што доведува до релаксација, елиминирање на стресот и болката. Тоа го стимулира лачењето на допамин и серотонин, кој го подигнува расположението. Во ова се крие одговорот на прашањето зошто депресивните луѓе јадат темно чоколадо во големи количини.