Реклама
Нега и здравје

КАКАО: Започнете го денот со пијалакот на боговите

Реклама

Уште од дамнешни времиња какаото се смета за драгоцена намирница, дел од божественото мени…

cacoo

Според астечкиот крал Монтезуми, оваа напивка била резервирана за воините и друштвената елита, а исто така имала и сакрални и свечени карактеристики.

Маркетинг

Шведскиот ботаничар Лине на оваа билка ú го дал името Theobroma cacao L, каде што зборот “theobroma” значи токму „храна на боговите“.

Какаото расте на дрво со просечна висина од 4 до 8 метри и припаѓа на билките од семејството Sterculiaceae. Потеклото му е од топлите краеви на Јужна Америка, а плодот најчесто се користи за изработка на какао во прав и чоколадо.

Маркетинг

cacoo3

Семето содржи и до 50% масти од кои се прави путер. Во какаото се наоѓа и теобромин, состојка доста слична на кофеинот.

Првата европска средба со какаото ја имал Кристофер Колумбо, кој што го нарекол „лешник со чудесен изглед“, а во форма на топла напивка во Европа допатувало во 1519 година.

За разлика од кафето, какаото не предизвикува никакви несакани нуспојави и ефекти, туку напротив, познато е по многубројните здравствени придобивки за организмот. Ние сега ќе ви ги наброиме најважните од нив:

cacoo1

– Го штити организмот од влијанието на слободните радикали
– Го намалува стресот и депресијата
– Штити од болести на срцето и крвните садови
– Делува превентивно од многу видови на рак
– Претставува одличен извор на железо
– Го регулира нивото на шеќер и холестерол
– Поттикнува добро памтење и концентрација
– Ја намалува опасноста од срцев удар
– Помага во регулирањето на крвниот притисок

Според резултатите од истражувањето спроведено на Австралискиот меѓународен институт за дијабетес, дијабетичарите кои редовно консумираат какао имаат значително подобар крвен притисок, како и помала опасност од срцеви заболувања и инфаркт.

Оваа чудесна билка содржи и фенилетиламин (feniletilamin). Станува збор за збир на споеви кои организмот ги лачи кога личноста е вљубена, па затоа и на зачудува што многумина потребата за љубов ја заменуваат со чоколадо, чија што главна состојка е токму какаото.

Во какаото се наоѓаат и серотонин и допамин, хормоните на среќата. Зрното на какао изобилува и со Омега 6 масни киселини кои го хранат мозокот и помагаат на целокупното функционирање на организмот.

И поради сето горе наведено, сместете го какаото во вашата секојдневна исхрана.

cacoo2

Меѓутоа, не смеете да се залажувате дека со јадење на обично чоколадо, внесувате здраво какао во организмот. За жал, во процесот на производство на чоколадото, какаото се загрева на висока температура и ги губи своите нутритивни и лековити својства.

Затоа купувајте чисто, органско какао и уживајте во неговите благодети. Нека храната на боговите биде и ваша храна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button