Реклама
MAMAРецепти

Какао десерт: Одличен рецепт за вашите најмили

Реклама

Сите сакаме чоколадни десерти, а особено им се драги на најмалите. Доколку немате време да подготвувате некои сложени рецепти, слободно можете да се посветите на овој кој нема да ви одземе повеќе од еден час, а вашите најдраги ќе го обожаваат.

Потребни сосотјки:

  • 2 чаши шеќер
  • 3/4 чаша какао
  • Малку сол
  • 1 и 3/4 чаши брашно
  • Половина кесичка прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Малку сода бикарбона
  • 1 чаша млеко
  • Половина чаша зејтин
  • 2 јајца
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 40 грама путер

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“. Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути. Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button