Реклама
Наши ѕвезди

Кајмакоски имаше проблеми во претходнот брак, но со докторката е најсреќниот човек на светот (фото)

Ова беше посебен ден и за двајцата

Реклама

Не ја кријат среќата

Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина со преубава вест се огласија на социјалните мрежи.

Имено тие прославија годишнина од нивниот брак, па Кајмакоски ги изненади сите со објавата што ја сподели.

Маркетинг

Неговата сопруга Марина сподели колаж со фотографии под кои напиша: „Тука те запознав“, Тука веќе многу те сакав“, „А тие се производ на нашата љубов“, „Таа е со нас речиси од самиот почеток“.

Принтскрин/ Јутјуб, Икс Фактор

Овие фотографии ги сподели и Даниел, а на нив покрај него и Марина се и нивните деца, но и домашното милениче.

Маркетинг

„И знаеш ли што Кајмакоски? На мене баш ми се допаѓа ова наше мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би го направила се исто бидејќи го сакам она што бевме, она што сме и она што ќе бидеме“.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

„Среќна годишнина на бракот, љубов моја“, напиша убавата Марина, а Даниел веднаш ја сподели нејзината објава.

Потсетуваме, Марина е докторка специјалист, а во брак со Кајмакоски е од јануари 2023 година кога ги изненадија сите со оваа вест.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Тие минатата година во ноември ја добија ќеркичката Емилија, а неколку месеци откако склучија брак им се роди Стефан.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Пејачот зад себе има и еден брак со 13 години помладата Кристина Димитријевска со која во 2017 година го доби синот Давид.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Кајмакоски стана популарен по победата во српската верзија на Икс фактор, кога ментор му беше пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Тие потоа заедно го снимија и дуетот „Скопје или Белград“, а денес со својата сопруга и нивните деца живее во Белград.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Повеќе фотографии од Даниел и неговата убава сопруга и нивните дечиња погледнете на следната страница

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button