Новости

Познатата пејачка си ја отвори душата – доживеав нервен слом откако се разделивме

Advertisement

Пред година дена австралиската пејачка Кајли Миног (49) се раздели од 19 години помладиот британски актер Џошуа Сас.

Advertisement

Тие беа заедно две години, се свршија, но минатата година ги изненадија сите кога објавија дека нивната врска е готова. А сега Кајли призна дека тогаш и било многу тешко и дека доживеала нервен слом. „Само сакав повторно да застанам на нозе. Моето тело беше загрозено, знаев дека морам да се излечам некако. Мислев дека тоа се вика нервен слон. Само си мислев: ’Не, не, не не…’ Почнав да се затворам во себе и мислев дека не сум добро“ изјави пејачката.

Таа потоа заминала на Тајланд за да закрепне, каде останала една недела. „Бев длабоко потоната, но бргу се вратив. Беше тоа прилика да се вратам на себе, да станам посилна, похрабра и да започнам одново“. Таа си ја отвори душата и за нејзината тага што не е мајка и што најверојатно и никогаш нема да биде. „Секако се прашувам како би било кога можела да го погледнам во очи моето бебе. Но судбина си е судбина. Би лажела кога би кажала дека не сум тажна, но не смеам да се препуштам на таквото размислување. Што можам? Постои голема веројатност дека ќе најдам некој што веќе има деца. Можам да се замислам како маќеа“ вели таа.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button