Реклама
MAMAКафе муабет

Кафез за мобилен телефон: Би го заклучиле ли вашиот на одредено време?

Реклама

За жал, веќе многумина од нас се зависни од технологијата, а посебно од мобилниот телефон кој никогаш не го испуштаме од рацете. Секоја средба поминува со држење на телефонот и листање на социјалните мрежи.

ФОТО: Printscreen

Колку често ви се случило да се дговорите со вашето друштво да излезете, но еден член од екипата секогаш е сконцентриран на својот телефон, наместо на пријателите и на зборувањето. Дури и вие да немате таква пракса, сигурно познавате некоја ваква личнсот во вашата околина. Во денешното време животот без технологијата е незамислив, но сепак, мораме некаде да ставиме граница.

Дали вие би можеле да се замислите еден ден без вашиот телефон? Или пак само неколку часа? Измислено е решение со помош на кое мобилните нема да бидат проблем. Тоа решение се нарекува „кафез“ за мобилни телефони, а наликува на ќелија во која може да го ставите телефонот и да го заклучите. За да ви биде полесно, а воедно и поинтересно, можете да си дадете временски период во кој вашиот мобилен мора да биде заклучен.

Маркетинг
ФОТО: Printscreen
ФОТО: Printscreen

Зачувајте ги спомените од реалниот свет и бидете присутни помеѓу луѓето. Некои моменти никогаш не се поврторуваат, а некои луѓе никогаш не се враќаат. Правете вистински спомени и обидете се да се оттргнете од технологијата која не’ заробува во денешно време. Користете ја во разумни граници!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button