Реклама
БизнисПрепораки

Кафето Lavazza во Македонија многу поскапо отколку во Италија?! Е добро бе, зарем сме толку богати?

Многумина ја коментираат цената на ова кафе...

Реклама

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…

На популарната платформа Редит (Reddit) еден Хрват сподели фотографија направена во маркет во Италија.

И како што вели овој Хрват на фотографијата е пакување од кафе од 1000 гр. кое е популарно ако во Хрватска, така и во Македонија.

Станува збор за еспресо кафе „Lavazza Crema e Gusto“, а фотографијата, наводно, како што објави корисникот, направена е во продавницата „Ipercoop“ во Италија, каде кафето може да се купи по цена од 13.80 евра, додека во Хрватска истото кафе, и тоа во истото пакување чини од 22 до 25 евра, што значи речиси двојно повеќе.

Маркетинг

Принтскрин/ Редит

Неговата тема предизвика голем интерес и најразлични коментари, па за сите оние што се прашуваат за колку пари може истото кафе да се најде во Македонија, еве неколку информации.

Маркетинг

Принтскрин

Имено, кафето од истиот бренд и во истото пакување во Македонија се продава по цена од 1500 денари и тоа на попуст.

Како што може да видите на следната фотографија, во една македонска интернет продавница оваа кафе од Lavaza се продава за 1900 денари, но моментално е на попуст и чини 1500 денари.

Што значи дека кафето чини речиси 25 евра на попуст, односно со редовна цена преку 30 евра.

Оваа цена е повисока и од онаа во Хрватска, а за цената во Италија воопшто и да не зборуваме!

Принтскрин

Инаку, станува збор за кафе кое е мешавина од квалитетна бразилска Арабика и Робуста од Југоисточна Азија.

Принтскрин/ Редит

Идеално кафе во секое време од денот, но цената – малку „забегана“ во однос на онаа што ја имаат Италијанците, нели?

Принтскрин/ Редит

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button