Многу луѓе не можат да си го замислат денот без утринско кафе, а дружењето со пријателката додека ги раскажувате најновите случувања од вашиот живот е послатко со овој црн напиток. До сега многу се зборувало за тоа дали кафето е добро или штетно за здравјето.
Едно ново истражување објавено на унвиерзитетот во Хонгконг открило дека оние кои често консумираат кафе имаат посилни коски. Студијата, каде што учествувале повеќе од 500 возрасни луѓе, покажала дека овие личности имаат поголем процент на минерали во коските, што ги прави посилни, а и помалку се склони кон кршење на коските при пад.
Ова е одлична вест за оние кои многу пијат кафе, а и водат грижа за своето здравје. Се истакнува дека генерално кафето е добро за коските. Сепак, придржувајте се до умерената количина, зашто се’ што е надвор од границите на нормалното станува некорисно.
Па, следен пат кога некој ќе ви каже дека кафето е штетно, потсетете се на истражувањето кое вели дека кафето нуди и одредени придобивки за вашето здравје.
Покрај ова, можете да го искористите и талогот од кафето кое ви помага да ги отстраните гребнатините од површината на вашиот мебел од темно дрво. За таа цел измешајте само талог од кафе со жешка вода и втријте го врз гребнатините. Исто така талогот е одлично ѓубриво и за растенијата кои сакаат кисели земјишта, како што се ружите и зимзелените дрва.