Реклама
Нега и здравје

Кафето е здраво за женските срца!

Реклама

Вистинските љубители на кафето имаат причина за славење.

Маркетинг

Една долготрајна студија потврди дека кафето има полезно влијание на организмот, но волшебното утринско кафенце им го продолжува животот само на жените!

Истражувањето кое беше објавено во “Annals of Internal Medicine“ го потврди позитивното влијание на кафето на здравјето на луѓето, но само кај претставничките на понежниот пол.

Жените кои пијат две до три шолји кафе на ден имаат 25 % помалку шанси да умрат од кардиоваскуларни болести, од оние што се воздржуваат од конзумирање на кафе.

Маркетинг

Истражувањето кое траеше од 1980 до 2004 ги испита навиките на 84.000 жени и скоро 42.000 мажи кои водеа дневник за пиењето кафе и здравствената состојба на секои две, т.е. четири години.

Кај мажите не е забележано никакво влијание, додека кај жените кафето не само што го намалува ризикот од инфаркт, туку и ги намалува шансите за некои смртонсни болести, како на пример рак и тоа до 18%.

Сличен резултат е покажан и кај жените кои пиеле кафе без кофеин.

Научниците се уште не се сигурни зошто студијата не покажала слични резултати кај претставниците на посилниот пол, т.е. кој точно фактор на заштита влијае кај жените, иако антиоксидансите и танините од кафето веќе со години се издвојуваат како позитивни аргументи за конзумирањето на кафето.

„Конзумирањето на кафе се поврзува со бројни благодети за здравјето, но ни недостасуваат податоците за поврзаноста на кафето и смртноста“, вели раководителката на проектот Естер Лопез-Гарсија.

Студијата исто така ги отфрли сомневањата дека кафето влијае на зголемена стапка на смртност кај средновечни мажи и жени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button