Реклама
UncategorizedВести

Кафе за време на пост – грев ли е или е дозволено

Денес почнува Великиот пост, но дали е дозволено кафе и во која мера? Ова прашање често предизвикува полемика.

Реклама

Доколку овие денови постите, можеби се прашувате дали кафето е во согласност со постот или не. Ова прашање често предизвикува полемики, особено кога некој од блиските ќе се почести со омилениот пијалак.

Според Црквата, постојат одредени правила и ограничувања во врска со пијалоците, но нема јасна забрана за консумирање кафе за време на пост. Многу свештеници не го одобруваат прекумерното уживање во стимулативни пијалаци, бидејќи веруваат дека постот подразбира откажување од сè што претставува страст за човекот, а и кафето е страст, исто како и конзумирањето цигари.

За многумина, кафето е дел од секојдневието, но христијанските списи предупредуваат дека неспособноста да се одречеме од омилената храна или пијалок може да води кон гревот на лакомоста.

Маркетинг

Откажувањето од кафе не е неопходно, но не треба да се злоупотребува. Ако се прашувате дали треба да престанете да пиете кафе за време на постот, треба да знаете дека нема строга забрана. Може да се пие, но без млеко.

Ако кафето ви е само пијалок, тогаш не е грев, но ако сте зависни од него и не можете да функционирате без дневната доза кофеин, тогаш треба да се откажете за време на постот – тоа претставува смирение на телото.

Маркетинг

Кафето содржи кофеин, кој е психостимуланс и може да предизвика поагресивно однесување, што не е во духот на воздржувањето што го бара постот. Сепак, на прашањето дали можете да пиете кафе или не, нема едноставен одговор – секој верник сам одлучува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button