Двајцата актери се меѓу најпознатите и најинтригантните парови во Турција. Сите се сеќаваат на 39-годишната девојка во улогата на убавата Шехерзад во серијата „1001 ноќ“, во која пак, 52-годишниот глумец ја играше и улогата на Онур (Онур Аксал) а потоа стана уште попопуларен со улогата на султанот Сулејман во серијата „Сулејман Величествениот“.
Бергузар и Халит се познавале долги години, додека патувањето во Франција влијаело на почетокот на нивната врска. Актерката тогаш беше свршена со танчерот Тан Сагтурк, но кога сфатила дека е вљубена во Халит, ја раскинала свршувачката.
Девет месеци по тоа патување, Ергенч ја оставил својата тогашна сопруга, актерката Гизем Сојсалди, која во тоа време била бремена.
Откако ја напуштил, 38-годишната Гизем одлучила да го абортира детето што го очекувала со него и по разводот му наплатила отштета од над 130 илјади евра.
Бергузар и Халит се венчаа во 2009 година и заедно имаат три деца, синовите Али (14 години) и Хан (4 години) и тригодишната ќерка Лејла.
Гласини за афера со колешката „Хурем“
Кога Ергенч го снимаше „Сулејман Величествениот“, турските медиуми беа преполни со шпекулации дека бракот меѓу славната двојка може да заврши поради неговата колешка, актерката Мерјем Узерли, која ја толкуваше улогата на убавата султана Хурем.
„Бидејќи нивната љубов се разгоре на снимање на серија, Бергузар не остана рамнодушна кога партнерка на Халит во успешната продукција на „Сулејман Величествениот“ стана убавата Мерјем Узерли, позната како Хурем“, пишуваа турските медиуми.
Гласините за љубомората на Бургузар продолжија, особено кога веќе „на големо“ се зборуваше за можна афера на нејзиниот сопруг со Мерјем, па во тие мигови таа наводно посетувала психијатар.
Иако сите мислеа дека бракот е завршен, парот реши да се избори за својата врска и денес се уште е еден од најпопуларните парови во Турција. И понатаму имаат многу обожаватели, а Халит во медиумите ја опишува сопругата со најубави зборови и за неа зборува како жена со која има се што му треба.
И двајцата потекнуваат од актерски семејства
Интересно е што и Ергенч и Корел потекнуваат од семејства на актери. Иако татко му го охрабрувал да тргне по неговите стапки, Халит по средното училиште се запишал на Техничкиот факултет, но кога сфатил дека не го интересира тоа, тајно се запишува на Музичката академија „Мимар Синан“ и почнал да студира опера.
Најпрво играл во театарски музички претстави, а потоа се пробал и во серии. Кога во 2006 година ја прифати улогата на Онур во серијата „1001 ноќ“, не можеше ни да сонува колку тоа ќе му го промени животот.
View this post on Instagram
Корел, која исто така потекнува од актерско семејство, ја имаше првата голема улога на Шехерезад во незаборавната серија „1001 ноќ“.
Гордата мајка на три деца често со следбениците споделува семејни моменти со своите деца, но и романтични моменти со сопругот.
„Нашата рутина“ – напиша таа во една објава со фотографија од неа и од Халит како уживаат на зајдисонце на плажа.
View this post on Instagram
Проба да биде русокоса, ама се премисли
На почетокот на летово, 2024, Бергузар драстично го промени изгледот – покажа уште повита фигура, а косата ја обои во руса нијанса.
Многумина не ја препознаа „Шехерезад“, но позитивни коментари пристигнуваа од сите страни на светот, особено од љубителите на турските серии.
View this post on Instagram
Оваа промена не траеше долго. Веќе во август во јавноста се врати онаква каква што е препознатлива – по кафената коса.
View this post on Instagram
Истиот месец ја „продолжи“ должината на косата со помош на современата техника за коса.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Живот во Лондон
Бергузар Корел и Халит Ергенч неколку години живееја во Лондон. Според турските медиуми, таму купиле луксузна дуплекс куќа, откако претходно живееле под кирија.
За време на престојот, тие се соочиле и со одредени предизвици, како оној со поставувањето тоалети во турски стил, кои не биле дозволени поради локалните прописи. Сепак, тие успеаја да ги решат овие прашања со помош на турски бренд во Велика Британија.
Инаку, нивниот подолг престој во Лондон ( од каде и двајцата често патуваа за Истанбул и Анкара заради професионалните обврски), се должел на желбата нивните деца да добијат убаво образование токму во Велика Британија.
Сепак, на почетокот на ова лето се вратија во Истанбул, заедно со своите деца, заради ангажманот на Корел во новата серија „Анем Анкара“.
View this post on Instagram
Снимањата за серијата, која сценаристката Башак Ангигун ја напиша врз основа на животната борба на нејзината мајка, продолжуваат.
Халит Ергенч пак, моментно е заштитно лице на автомобилска марка, но неодамна откри дека наскоро ќе се појави во долгоочекуваниот филм што ОГМ ќе го снима за СтарТВ.
View this post on Instagram
.