Каде се познатите сестри Мојсови за продолжениот празничен викенд? Најверојатно овие денови ги минуваат на Егеј. Така е објавено на страницата на фан клубот на Весна Мојсова-Чепишевска на „Фејсбук“. И како што пишува, и како што може да се види, таа и Маја се „малку бушави и доволно осолени и осончани“.
Објавата изненади затоа што следуваше само еден ден откако на 24 Мај, Весна, од Скопје ги упати моќните пораки по повод празникот дека делото на сесловенските просветители нè обврзува – и ние секогаш да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност. Зашто „сонцето подеднакво свети за сите“. Ама на Егеј, сепак, овој викенд, посебно свети за Весна и за Маја, кои очигледно успеваат да се секаде каде што треба и да постигнат сè што решиле, и професионално, и приватно, но и знаат да уживаат.
Најверојатно, и на двете им се потребни барем овие денови за одмор. На Весна и по свадбата на синот, Горазд – пливачот на „Вардар“ со неколку државни рекорди, и по многу динамичниот работен период кога со месеци нема ден без нејзина активност поврзана со книжевноста. Пред неколку дена беше објавена и книгата „Македонска љубовна лирика“ на која се работело доста долго со посветеност и со страст.
Фото: Фејусбук
Периодов, постојано беше исто толку турбо и за Маја, особено како национална координаторка за трансплатација. Во четвртокот се навршија четири години од првата трансплатација на срце во државава, а во меѓувреме се постигна многу.
Според фотографиите, со Весна и Маја е и нивната мајка Љубица, којашто и двете ја имаат споменувано во повеќе свои настапи, посочувајќи ја како поддршка и инспирација.
Не зачудува нивната приврзаност за Егејот, па затоа и во објавата стои „на нашиот Егеј’. Затоа што и навистина, тоа е нивен Егеј. Таткото на Весна и Маја, и сопругот на Љубица, фудбалската легенда на „Вардар“, Сократ Мојсов е роден во Сетина, Леринско, во Егејска Македонија. Еден е од оние што со себе, покрај тешката судбина на децата бегалци ја понеле и љубовта за Егејот што тој им ја пренел и на своите ќерки Весна и Маја. Се чека од Егеј, повторно да се вратат крај Вардар, во Скопје, за кое и двете се многу приврзани како ликови од урбаниот живот.
Преземено од Фејсбук страницата „Фан клуб на Весна Мојсова-Чепишевска“ посветена на омилената професорка по Современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје