Нега и здравје

Каде се бере македонскиот женшен – „царицата на горчливите билки“ ќе ви го среди здравјето од корен

Еве зошто е „царица на горчливите билки“ и злато од планината.

Advertisement

Линцурата (Gentiana lutea), кај народот позната и како македонски женшен, е една од најценетите планински билки на Балканот.

Нејзината лековитост е позната уште од античко време, а денес сѐ почесто е предмет на интерес од страна на билкари, фармацевти и луѓе кои се враќаат кон природната медицина.

Advertisement

Каде расте линцурата?

Во Македонија имаме од оваа златна билка. Линцурата најчесто се среќава на надморска височина од 1 000 до 2 000 метри, на сончеви ливади и каменити падини.

фото пекселс

Во Македонија, оваа билка природно расте на неколку планини: на Шар Планина – посебно во пределот околу Лешница и Вруток, на Кораб – на поголеми височини каде има чиста, недопрена природа, Бистра – особено во близина на Галичник, Баба Планина – во регионот околу Пелистер и Дихово и на Јабланица – во регионот над селото Вишни и Горна Белица.

Во овие предели, линцурата расте спонтано, но поради прекумерно берење, во некои региони е под заштита и се собира само со дозвола.

Advertisement
фото пекселс

Што лекува линцурата?

Линцурата е позната по своето силно дејство врз дигестивниот систем. Коренот, кој се собира обично на есен, содржи горчливи материи кои ја поттикнуваат работата на желудникот, го подобруваат апетитот и го олеснуваат варењето. Освен тоа: помага при анемија и исцрпеност, ги поттикнува функциите на црниот дроб, има антибактериско и антивоспалително дејство, го зајакнува имуниот систем, а традиционално се користи и како природен тоник.

фото пекселс

Сличностите со женшенот

Иако потекнуваат од различни делови на светот, линцурата и азискиот женшен имаат многу сличности:

и двата се користат како тоници за енергија и сила

помагаат при замор, слабост и општа исцрпеност

имаат антиоксидантно дејство

поддржуваат подобра циркулација и работа на внатрешните органи

Разликата е во тоа што женшенот (Panax ginseng) повеќе се користи за ментална јасност, подобрување на фокус и хормонална рамнотежа, додека линцурата е позната како „царица на горчливите билки“ и главно се користи за желудочни тегоби и општо зајакнување на организмот, телото и имунитетот.

Традиција и современост

Во некои западни земји линцурата се користи како основа за аперитиви и алкохолни екстракти, додека во Македонија се уште најчесто се употребува како чај или тинктура (екстракт/сируп за лекување). Билкарите предупредуваат дека не треба да се користи без консултација со стручно лице, особено кај лица со висок крвен притисок или чир на желудник.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button