Реклама
Нега и здравје

Каде НЕ смеете да јадете!

Реклама

Секако дека не можеме секогаш да јадеме на трпезариска маса, туку понекогаш тоа мораме да го правиме и онака на брзина, додека сме на нога, но тоа не смее да ни стане навика.

Маркетинг

Главната причина за тоа е многу едноставна – доколку јадеме на места кои не се соодветни за јадење и притоа правиме и нешто друго, тогаш многу поголеми се шансите да внесеме поголемо количество на калории отколку што ни е потребно. Па доколку сакате да го сопрете дебелеењето и да почнете да слабеете, тогаш задолжително треба да престанете да јадете на следниве неколку места:

НА НОГА, ВО КУЈНА…

Маркетинг

Секако дека НЕ треба да јадете онака летачки, додека сте на нога, скокајќи со два-три чекори низ кујната. Ова најчесто се случува пред фрижидерот или шанкот, каде што сте опкружена со јадење, па воопшто не е ни чудо што ќе изедете многу повеќе отколку што ви е потребно.

Како треба

Ве советуваме да земете чинија која ќе ги собере сите намирници кои ви се потребни, потоа истите да ги ставите во чинијата и за момент да ги оставите сите ваши обрвски (па дури и гледањето ТВ серии) и да седнете на масата и да јадете.

ПРЕД ТВ

Кога веќе сме кај сериите, не треба да заборавите дека и јадењето пред телевизор може да претставува голем проблем за вашата тежина. Едноставно, додека гледате ТВ не можете истовремено и да размислувате за она што го јадете, па така најчесто се случува да изедете троа повеќе отколку што ви е потребно. На ова дополнително влијаат и рекламите на кои постојано се вртат разни грисинки, чоколади, сладоледи.. па вие постојано размислувате за јадење (во подобар случај за грицкање) и откако ќе јадете. Па потоа во ниедно време, од никаде ви се раѓа пуста желба да каснете парче чоколдо, две-три ресанки, смоки…
 
Како треба

Е сега, секако дека не сакаме да ве убедиме да заборавите на секакво грицкање пред ТВ (ах, па тоа е задоволство на кое и ние сме закачени!), но тоа не значи дека треба бескрајно да му се препуштите на ова задоволство. Едноставно, бидете внимателни кога грицкате пред вашата „џумбуш кутија“ и не заборавајте дека грицкањето не значи јадење!

ДОДЕКА РАБОТИТЕ НА КОМПЈУТЕР

Па секако дека НЕ треба да јадете додека работите на компјутер. Точка. Не само што можете да му го загорчите животот на компјутерот, туку на овој начин вие повторно заборавате колку сте внеле во вас и можете да се прејадете. И што е најинтересно, откако ќе станете од компјутерот, многу често се случува повторно да чувствувате глад.

Како треба

Едноставно, запрете што и да работите на компјутерот, особено ако станува збор за Фејсбук или Скајп. Па виртуелниот свет може и без вас, а вие завршете со оброкот, па продолжете онаму каде што сте застанале. Нема никаква филозофија, иако потполно ве разбираме …

ВО КАНЦЕЛАРИЈА, НА РАБОТА

Многу често се случува девојките да појадуваат на бирото, а не ретко и додека работат нешто друго. Ова мора веднаш да престане доколку сакате да внимавате на вашата линија. Едноставно, одвоете 15 минути за вашиот оброк и така можете многу подобро да внимавате што и колку ќе изедете.

Ова особено важи за оние што работат во администрација (верувам дека ќе се препознаат во текстот) и кои секогаш имаат по нешто за грцкање во своите шкафчиња – од краставици и јабуки, па се до некои грисинки и две-три зденки… :)

Како треба

Па станете од столчето и одите во кујната и таму поминете од 15 до 20 минути во јадење. Или, излезете со вашите колешки и јадете во некој ресторан или продавница за бели пецива…

ВО СПАЛНА СОБА

Секако дека не треба да јадете во кревет, освен доколку не сте болни, нели? Сите оние сцени во кои ТАА  јаде во креветот, а ТОЈ и го носи појадокот се само на филм. Па, каде го има тоа во реалниот живот?!

Едноставно, креветот не е место за јадење – освен за две три коцки чоколадо пред „гушкање“. Како прво и креветот е место каде можете да заборавите колку и што сте изеле, како второ не е хигиенски и како трето – не сакате да ги поканите бубачките од цело маало да дојдат по храната што сте го оставиле под вас.

Како треба

Завршете со обврските што ги планиравте за во креветот (спиење, дремење или било што друго што завршува на „ње“) и потоа појадувајте во кујната. Или пак, прво јадете, а пота испружете се и опуштете се во креветот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button