Ова се најпопуларните модели на социјалните мрежи
Сега барем е лесно во времето на социјалните мрежи да откриеме кои парчиња се популарни. Доволно е само да ги отвориме профилите на познатите ИТ девојки и веднаш ќе ги пронајдеме моделите што сите би сакале да ги имаме во плакарите, а токму таков хит кој многу девојки од целиот свет веќе го носат е и овој фустан од Зара.
https://www.instagram.com/p/BiHkGWSD0Xy/?utm_source=ig_embed
Во прашање е фустан кој во последните неколку недели потполно ги освои социјалните мрежи а е направен од комбинација од сафари детали во неутрални нијанси и големи хит копчиња сместени на грбот.
Фустанот од Зара е направен од квалитетен памук кој е одличен избор за топлите денови, па воопшто не треба да не чуди неговата популарност.
Покрај овој фустан и британскиот бренд Топшоп исто така има свој модел кој доминира на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BiWJFeYHAwg/?taken-by=glamur.mk
Во прашање е модел зачинет со неодолив дезен од точки во различни големини, а можете да го носите како во вечерните така и во секојдневните пригоди.
Па, кој од овие модели ви се допаѓа повеќе?