Наши ѕвезди

Јулија со емотивен настан во чест на ќерка си – три години без уметницата, но не и без нејзиното присуство

Во Прилеп се одржа настанот насловен „Љубов за сите“, во чест на уметницата Андријана Мациев, која ја загуби борбата со ракот пред три години. 

Advertisement

Во понеделникот вечерта, во преполната сала на Културниот дом „Марко Цепенков“ во Прилеп, се одржа емотивна манифестација насловена „Љубов за сите“, посветена на ликот и делото на македонската академска уметница Андријана Мациев, три години откако уметницата ја загуби битката со ракот. Организатор на настанот беше нејзината мајка Јулија, позната пејачка и водителка.

Публиката имаше можност да ја почувствува енергијата на Андријана преку изложбата на 22 нејзини ликовни дела, но и преку промоцијата на двата алманаха што ја носат истата порака – љубов, светлина и уметност. Настанот беше збогатен со богата културно-уметничка програма, исполнета со музика, зборови и емоции кои ги разнежнија и допреа срцата на присутните.

Advertisement
фото – фејсбук, Јулија

Пејачката и водителка Јулија, мајка на Андријана, со голема искреност и силна љубов, го водеше настанот посветен на нејзината ќерка, пренесувајќи ја болката, но и светлината што ја оставила Андријана зад себе. Преку нејзините зборови, слики и преку песни, беше почувствувано и апстрактното, но моќно присуство на уметницата.

фото – фејсбук, Јулија

Особена благодарност беше упатена до тимот на Домот на културата, сите учесници во програмата и прилипската публика, која до последното столче ја исполни салата и со топлина ја прегрна оваа посебна вечер.

фото – фејсбук, Јулија
фото – фејсбук, Јулија
фото – фејсбук, Јулија
фото – фејсбук, Јулија
фото – фејсбук, Јулија
фото – фејсбук, Јулија

„Љубов за сите“ не беше само манифестација – беше чин на живо сеќавање, на споделена тага, но и на благодарност што некои души, и по заминувањето, продолжуваат да не инспирираат.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button