Јована Јеремиќ шокираше во садо-мазо издание – „Јас сум дивина, јас сум жена – сила“ (Фото)

Водителката Јована Јеремиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со провокативни фотографии што ги објави на своите профили на социјалните мрежи. Таа позираше во танцова сала, облечена во ултра краток тексас шортс, светкав топ со циркони и чокер, објавувајќи впечатливи кадри што веднаш предизвикаа лавина реакции.
„Дива жена – сила. Чиста дивина“, напиша Јеремиќ покрај фотографиите со кои уште еднаш го потврди својот препознатлив, смел и ексцентричен стил.

По раскинувањето со Драган Станковиќ, Јована повторно е заљубена. Нејзин нов партнер е боксерот Милош Стојановиќ – Тигар, кој често објавува фотографии од тренинзи, патувања и посети на манастири. Иако парот е во центарот на вниманието, Јеремиќ јасно стави до знаење дека деталите од приватниот живот засега ги задржува за себе.
– За приватниот живот веќе не зборувам јавно. Кога ќе правам свадба и кога ќе бидам бремена, сите ќе бидете поканети. До тогаш – нема да коментирам ништо. Среќна сум, тоа е доволно – изјави таа за „Блиц“.



