Јован и Елвир најавија „Адреналин“ – дали македонската сцена ќе доживее кам-бек?! (видео)

Македонската музичка сцена повторно ќе ја почувствува магијата на Јован Јованов, кој во последното гостување на поткастот на Стефан Лазаров најави проект што ќе ги израдува симпатизерите на неговите песни и дела.
По 16 години, Јован најави дека повторно ќе ги спои своите сили со Елвир Мекиќ, со кого некогаш создаваше мега хитови што ја обликуваа поп-сцената, меѓу кои и незаборавната „Слаба точка“. Новиот проект насловен „Адреналин“ ветува свежа енергија и музика што ќе ги освои слушателите од првата нота. Музички созреани, но со истата искра која ги направи препознатливи, Јован и Елвир уверуваат дека создале песна полна со емоција, ритам и позитивна вибрација.
-„Адреналин“ веднаш плени со заразен рефрен и современ звук кој совршено ги спојува нашите стилови, носејќи ја истата емоција што ја сака публиката од нашите почетоци, вели Јованов.
Премиерата на песната е закажана за 1 ноември 2025 година во 15:00 часот, а обожавателите со нетрпение го очекуваат видеото кое најавува вистинско враќање во звукот, во емоцијата и во магијата на нивната музика.
Јован нагласува дека ова е повеќе од песна, односно дека е момент на повторно поврзување, инспирација и вистинска музичка хемија.
Со „Адреналин“, Јован и Елвир ќе се обидат уште еднаш да докажат дека нивната музика сè уште има моќ да ги возбуди и старите, и новите генерации слушатели, потсетувајќи нè зошто нивните гласови и денес се синоним за квалитет, емоција и музичка радост.
View this post on Instagram



