Јордан Митев сподели преубава вест – од сите страни му пристигнуваат честитки, вака се сака Македонија
Едно преубаво место, една преубава песна...

Откако неговата песна што ја посвети на својата ќерка стана хит, Јордан Митев овие денови повторно ги изненади своите фанови.
Имено, популарниот македонски фолк-пејач за големиот христијански празник Велигден ја објави својата нова песна „Ех што имам бречеди“ за која сними и преубав спот што сите ги воодушеви.
Почитувани, со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна со наслов “Ех што имам брачеди”. Честит Велигден! За многу години!, напиша Јордан споделувајќи го новиот спот.
Принтскрин/ Јутуб
Само неколку дена претходно, Јордан најави дека е завршено снимањето на новата песна и дека истата ќе биде промовирана точно на Велигден.
Песната е снимена со преку 50 статисти и учесници со кои е прикажана убавината и богатството на македонската традиција и култура како преку народните носии од неколку региона на Македонија, така и преку храната, но и авторската музика на Јордан.
Фејсбук/ Јордан Митев
И како што самиот Јордан откри, видеото е снимено на едно од најзначајните духовни места во источниот дел на Македонија.
Фејсбук/ Јордан Митев
Станува збор за селото Лесново во чија близина се наоѓа Манастирот Св. Гаврил Лесновски, а спотот е снимен во дворот на етно Лесново кај „Тетка Весна”, семејство кое со големо внимание и посветеност ја негува и промовира македонската традиција.
Новата песна на Јордан слушнете ја во видеото што следува…