Јордан Митев порасна на село, а ова е неговата мајка – фотографија што буди само убави спомени
На ова место порасна нашиот познат пејач

Ова е неговата приказна
Популарниот фолкер Јордан Митев никогаш не криел дека пораснал на село, но и дека работел земјоделие во младоста.
Тој со музиката другарува уште од детството, а пораснал во семејната куќа во радовишкото село Подареш.
Принтскрин/ Јутуб
Пораснат во земјоделско семејство од мали нозе се случувало да се соочи и со тешките физички работи што ги носи селото со себе.
Тоа впрочем мое да го видиме и од следната фотографија што Јордан ја објави денес, а со која им ги стопи срцата на многумина.
Фејсбук/ Јордан Митев
На фотографијата е и неговата мајка, а направена е во нивната нива во која што некогаш саделе лубеници, што се гледа и на сликата.
„Јас и мајка ми. Жената која ме научи на работа, труд, истрајност, принцип и борба. Фотографија што секогаш кога ќе ја погледам ми додава една капка керозин“, напиша омилениот фолк-пејач сеќавајќи се на се на овие убави моменти од неговиот живот.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Јордан и денес со сопругата Славица, која е од Австралија, и нивната ќеркичка Кристина, живеат во Подареш.
Фејсбук/ Јордан Митев
Тие решија наместо во Австралија да се вратат во неговото родно село, место за кое Јордан секогаш зборувал со љубов.
„Јас пораснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост. Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполнет со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи“, откри во една пригода Јордан за Гламур.
Целото интервју со него прочитајте го тука.