Нутриционистите не ги препорачуваат строгите диети и брзото губење на килограми бидејќи ваквите методи не се здрави.
Јо-јо ефектот кај Марија Кири
Покрај ова брзото губење на килограмите, пропратено е и со таканаречениот јо-јо ефект што подразбира враќање на дел од килограмите, целата маса, па дури во многу случаи и многу повеќе од изгубеното.
Но, без разлика на предупредувањата, многу девојки (па и претставници на посилниот пол) се потпираат на брзите диети и сакаат преку ноќ да ослабнат, а на ова не се имуни ни холивуските ѕвезди кои исто така често страдаат од овој ефект. Некои му се изложени поради нездравиот живот и поради лошата исхрана, други поради бременост, додека трети мораат да ослабнат или да се здебелат затоа што тоа се бара од нив – односно заради некоја улога.
Џенифер Хадсон беше преслатка полничка ѕвезда која во 2007 година освои Оскар за споредна улога во кино хитот „Dream Girls“. Под притисок на филмската индустрија таа започна борба со килограмите, која што и ден-денешен ја води.
И Џесика Симпсон ја снајде слична судбина за што зборуваше и јавно истакнувајќи дека периодот на „слабеење“ и претставувало оптоварување заради строгиот режим на исхрана и бројните откажувања. Од друга страна пак, Рене Зелвигер е една од ретките жени кои мораше поради својата улога во филм „присилно“ да се здебели, а потоа да се врати на својата нормална тежина.
Во нашата галерија погледнете кои се најславните претставнички на овие незгодни последици од пребрзо дебелеење (и слабеење)
Бриџит Џонс пред и по снимање на филмот Дневник
Кристина Агилера
Џенифер Хадсон во различни големини
Џесика Симпсон
Опра
Рене Зелвигер